Прикачете PDF.
Добивате е-Фактура.
За помалку од 1 минута
Валидирана од УЈП · испратена до клиент · испратена кај сметководител · архивирана според закон.
е-Фактурата станува законска обврска во октомври 2026. Од Word фактура, преку ERP, до сметководствено биро со 200 клиенти — eArhiva.mk е мост помеѓу вашиот начин на работа и УЈП.
Не е PDF на email.
е-Фактура е структуриран документ валидиран од УЈП.
е-Фактурата (електронска фактура) е документ во структуриран дигитален формат, потпишан со квалификуван електронски потпис и доставен до УЈП пред да биде испратен до купувачот. УЈП ја верификува ѝ доделува QR-код и EUID и дури тогаш има правна сила.
Структуриран формат
JSON структура според УЈП спецификација — машинско-читлив, со точно дефинирани полиња за купувач, продавач, ставки и ДДВ.
Квалификуван потпис
По чл. 49 ст. 2 од Законот, квалификуваниот е-потпис има иста правна сила како своерачниот. Без него — нема валидна фактура.
QR-код од УЈП
УЈП доделува QR-код и единствен EUID. Купувачот скенира и потврдува автентичност. Печатената верзија без QR — е САМО копија.
е-Фактура УЈП — Сè во еден водич
Закон, обврски, технички барања, валидација, QR-код, глоби и FAQ — комплетен водич за деловни субјекти во Македонија.
Прочитај го комплетниот водичИзберете го вашиот пат до УЈП.
Три различни случаи, едно решение. Изберете го својот за специфични одговори, пакети и времетраење на имплементација.
Word фактурата уште работи.
Фактурирате во Word, Excel или едноставен софтвер? Не треба ништо да менувате. Прикачете PDF — добијте УЈП-валидирана е-Фактура за < 1 минута.
- Без нов софтвер за учење
- Само едно дополнително копче — „прикачи"
- Месечна претплата по број фактури
Вашиот ERP не мора да се менува.
SAP, Pantheon, Dynamics, Oracle, Navision или custom ERP? eArhiva.mk стои меѓу вашиот систем и УЈП. Без проект, без regression тестирање, без чекање release.
- PDF · XML · JSON · REST · SOAP · SFTP · webhooks
- 2 дена до 2 недели имплементација
- SLA, audit trail, SSO/SAML
Бирото со одговор — задржува клиенти.
Од октомври 2026, вашите клиенти ќе ве прашаат: „како да испратам е-Фактура?" Бирото со решение задржува портфолио. Бирото без — губи клиенти.
- Multi-tenant — сите клиенти под едно
- Книжење-ready фактури автоматски
- Партнерска цена по клиент
До УЈП-валидирана фактура — со 2 клика.
Не менувате ништо. Не учите ништо ново. Прикачете го PDF-от — остатокот го прави eArhiva.
Прикачи документ
PDF, Word, Excel, или скениран хартиен документ — прифатлив е секој формат во кој правите фактури денес.
Автоматско препознавање
AI/OCR модулот на eArhiva.mk ги препознава купувачот, ставките, ДДВ и сумите. Корисникот само проверува, не препишува.
Потпиши со еден клик
Квалификуван електронски потпис — токен, cloud, или mobile. По чл. 49 ст. 2 — има иста сила како своерачниот.
УЈП валидација
Автоматско испраќање до УЈП. Веднаш се добива потврда со QR-код и EUID.
Архива автоматски
Електронска архива со временски жиг, ревизорска трага и периоди на чување од 10/20/50 години според Законот.
Купувач + сметководител
Електронска достава со потврда за прием. Сметководителот добива фактура спремна за книжење.
Што менувате — а што останува исто.
Што правите СЕГА
- ● Правите фактура во Word/Excel/ERP
- ● Ја печатите и ја потпишувате рачно
- ● Ја праќате по пошта
- ● Ја чувате во регистратор
- ● Ја доставувате на хартија кај сметководителот
- ● Сметководителот рачно ја внесува
Што ќе правите со eArhiva.mk
- ● Правите фактура исто како досега
- ● Прикачувате PDF (само едно дополнително копче)
- ● УЈП ја валидира автоматски, eArhiva.mk ја зачувува во електронска архива, сметководителот ја добива спремна за книжење, клиентот ја добива во неговиот inbox во eArhiva.mk. И сето тоа за помалку од 1 мин.
Не е препорака. Законска обврска е.
Правна рамка на три нивоа — главен закон + поддржувачка рамка + подзаконски акт.
ЗДДВ — Член 53-б
Закон за данокот на додадена вредност, со измените од крајот на 2025 г. Чл. 53-б ја прави е-Фактурата задолжителна за сите ДДВ-обврзници од 1 октомври 2026 — со автентичност на потеклото и интегритет на содржината преку УЈП валидација.
„Кога електронскиот документ е репродуциран во хартиена форма се смета за копија на оригиналниот документ."
„Печатената форма ја има истата правна сила САМО АКО е верифицирана со своерачен потпис на лицето кое го создало документот."
„Квалификуваниот електронски потпис има иста правна и доказна сила како и своерачниот потпис."
УЈП Упатство за начинот на пополнување на елементите на е-Фактура (декември 2025)
Технички детали: задолжителни/опционални полиња, шифрарници, API спецификација, JSON структура. Обврзувачко за сите имплементации.
Локален партнер. Македонски код.
Локален партнер
Сигма-СБ е од Скопје. Локална поддршка на македонски. Кога УЈП ќе промени формат — тоа го решаваме ние, не е ваша обврска.
ISO/IEC 27001
Ревизија на стандардот секои 12 месеци. Hashicorp Vault за credentials. GDPR-ready. Без data leakage кон трети страни. Двојна Backup заштита и Disaster Recovery со сервери во Македонија.
Без проект
Без промена на тековниот софтвер кој бара нова интеграција и тестирање и чекање со месеци. За мали компании — само регистрација. За компании со ERP — до почеток за 2 дена до 2 недели.
AI препознавање
Автоматско извлекување на податоци од PDF, Word и скенирани документи. Без рачно препишување — со >99% точност.
Прашања и одговори.
Од кога е-Фактурата е задолжителна во Македонија?
Од октомври 2026 година. Сите деловни субјекти ќе бидат должни да испраќаат фактури во структуриран електронски формат до УЈП пред испорака до купувачот. Без УЈП валидација и QR-код, фактурата нема правна сила — купувачот не смее да ја прифати, а сметководителот не може да ја книжи.
Дали морам да менувам ERP или сметководствен софтвер?
Не. eArhiva.mk се поврзува на излезот од вашиот постоечки систем — преку PDF, XML, REST API или SFTP. Ако правите фактури во Word или Excel, едноставно прикачувате го PDF-от. Ако имате SAP, Pantheon, Dynamics или custom ERP, ние ја читаме излезната фактура без модификации во ERP-от.
Колку време треба за е-Фактура да биде валидирана?
Помалку од 1 минута од прикачување до валидирана е-Фактура со QR-код и EUID. Процесот вклучува препознавање на податоци (AI), дигитално потпишување, испраќање до УЈП и автоматска архива. Просечно време во продукција: 30–60 секунди.
Што се случува со фактура без УЈП валидација по октомври 2026?
Печатена или PDF фактура без УЈП валидација и QR-код нема да има правна сила. Купувачот не смее да ја прифати, а сметководителот не може да ја книжи. По чл. 8 ст. 3 од Законот за електронски документи, печатената верзија е САМО копија — оригиналот мора да биде електронски.
Колку чини е-Фактура решението?
Постојат три пакети: за мали компании — месечна претплата по број на фактури; за компании со ERP — еднократна интеграција + годишен SLA; за сметководствени бироа — партнерска цена по клиент. За точна понуда — закажете 30-минутен разговор.
Дали поддржувате квалификувани сертификати од македонски CA-и?
Да. Поддржани се сите квалификувани сертификати издадени од овластени издавачи во Северна Македонија (КИБС, Македонски Телеком, eIDAS-усогласени CA-и). Сертификатот може да биде на токен, во cloud, или mobile (Sigma-SB Desktop Signer).
Кој ги поседува моите фактури — јас или eArhiva?
Вие. eArhiva е data processor по GDPR — не data controller. Вашите фактури се ваши, можете да ги извезете во секое време (XML, PDF, JSON). Архивата е скриптирано со ваш encryption клуч; ние немаме пристап до содржината без ваше дозволено „break-glass" процедура.
Што ако УЈП промени формат или API во иднина?
Тоа е нашата работа, не ваша. Кога УЈП ажурира спецификации, ние одговараме со ажурирање на платформата — без интервенција од ваша страна, без чекање release од ERP-вендорот, без regression тестирање во вашата компанија.
октомври 2026 не чека.
Тргнете една обврска од листата.
30 минути со ваши фактури, ваш ERP, ваш сметководител. Доаѓаме кај вас, или онлајн. Без обврска, без presure.