Што точно се менува од 1 октомври 2026
Од тој датум, сите деловни субјекти во Северна Македонија мора да:
- Создаваат фактури во структуриран електронски формат — УЈП JSON со JWS потпис.
- Ги потпишуваат со квалификуван електронски потпис.
- Ги испраќаат до УЈП пред испорака до купувачот за валидација.
- Обезбедуваат EUID и QR-код добиени од УЈП.
- Чуваат електронски оригинал со ревизорска трага.
Без сите овие чекори, фактурата правно не постои — купувачот не смее да ја прифати, а сметководителот не може да ја книжи.
Кој е обврзник по законот?
Сите ДДВ-обврзници во Северна Македонија — приближно 50.000 до 70.000 бизниси со годишен промет над 1.000.000 МКД (~16.000 €). Тоа вклучува:
- Трговски друштва (ДОО, АД, КД) што се ДДВ-обврзници.
- Трговци поединци регистрирани за ДДВ.
- Самостојни вршители на дејност (адвокати, нотари, лекари, занаетчии) со ДДВ статус.
- Здруженија и фондации кога издаваат фактури за услуги во ДДВ режим.
- Странски правни лица со ДДВ-регистрација во Македонија.
Субјекти под прагот од 1.000.000 МКД годишен промет (нерегистрирани за ДДВ) не се директно обврзани по чл. 53-б, но и тие ќе користат е-Фактура кога B2B клиентите ќе го бараат тоа како услов за прием.
За точна интерпретација за вашиот случај ви стоиме на располагање.
Испратете прашањеШто се случува со фактура без УЈП валидација?
- ● Нема правна сила — не може да послужи како доказ во правни/даночни постапки.
- ● Купувачот не смее да ја прифати — нема право на одбивка на ДДВ.
- ● Сметководителот не може да ја книжи — сметководствената евиденција се базира само на валиден извор.
- ● Можни пенали за продавачот од УЈП — според закон за даночна постапка.
- ● Загуба на бизнис — клиентите ќе бараат добавувачи кои испорачуваат валидни е-фактури.
Правна рамка — на три нивоа
Задолжителноста на е-Фактурата произлегува од три поврзани правни акти:
1. Главен правен основ — ЗДДВ член 53-б
Закон за данокот на додадена вредност (ЗДДВ) — со измените од крајот на 2025 г., член 53-б ја регулира електронската фактура и нејзината задолжителност:
Чл. 53-б, ст. 1: „Фактурата издадена во електронска форма се смета за фактура издадена согласно овој закон."
Чл. 53-б, ст. 3: „Електронската фактура мора да ја обезбедува автентичноста на потеклото и интегритетот на содржината" — преку УЈП валидација, EUID и QR-код.
Што значи: ова е директниот правен основ што ја прави е-Фактурата задолжителна за сите ДДВ-обврзници од 1 октомври 2026. Подзаконските акти (УЈП Упатство) ги пропишуваат техничките детали.
2. Поддржувачка рамка — Закон за е-документи
Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (Сл. весник 101/19, 275/19, 3/25, 135/25) — обезбедува правна тежина на електронскиот потпис и оригиналноста на електронскиот документ:
Чл. 8, ст. 3: „Кога електронскиот документ е репродуциран во хартиена форма се смета за КОПИЈА на оригиналниот документ."
Импликација: оригиналот на е-Фактурата е САМО електронскиот облик. Архивата мора да биде електронска, не папка со печатени листови.
Чл. 10, ст. 1: „Печатената форма ја има истата правна сила САМО АКО е верифицирана со своерачен потпис на лицето кое го создало документот."
Импликација: печатена е-Фактура без своерачен потпис на креатор — е САМО неважечка копија. QR-кодот служи за верификација на електронскиот оригинал, не го заменува потписот.
Чл. 49, ст. 2: „Квалификуваниот електронски потпис има иста правна и доказна сила како и своерачниот потпис."
Импликација: кога е-Фактурата е потпишана со квалификуван електронски потпис (од овластен CA), тоа е законски еквивалент на своерачен потпис.
3. Подзаконски акт — УЈП Упатство
УЈП ги пропиша техничките детали преку:
- Упатство за начинот на пополнување на елементите на е-Фактура (декември 2025) — задолжителни и опционални полиња, шифрарници, формат.
- API спецификација — REST endpoints, JWS потпишување, JSON структура, error codes.
- Шифрарници — типови документи, даночни индикатори, мерни единици.
Овие документи се официјални и обврзувачки за сите имплементации. eArhiva.mk секогаш ги следи најновите верзии.
Поврзан закон — фискализација (готовински промет)
Закон за регистрирање на готовински плаќања регулира фискални каси и готовински промет — тоа е различно од B2B е-Фактура. Готовинските плаќања ќе продолжат низ фискални каси; B2B и B2G трансакции одат низ е-Фактура системот.
Што со архивата? Закон за архивски материјал
е-Фактурата мора да биде архивирана електронски со:
- Електронска форма (чл. 23-24) — оригинал во дигитален облик.
- Автентичност и ревизорска трага (чл. 11, 24, 52) — секоја акција логирана.
- Е-потпис и временски жиг (чл. 25) — за непроменливост.
- Рокови за чување (чл. 18-20) — 10, 20, 50 години, или трајно, зависно од тип на документ.
Што да правите СЕГА — пред октомври 2026
Колку време ви останува зависи од сложеноста на вашиот случај:
- Мала компанија (Word/Excel) — 1 ден. Регистрација на eArhiva.mk, тест фактура.
- Сметководствено биро — 1–2 недели. Pilot со 3–5 клиенти, потоа rollout.
- Компанија со ERP — 2 дена до 2 недели имплементација. Discovery, mapping, UAT, go-live.
Започнувајќи од денес, имате доволно време. Чекајќи до септември 2026 — нема да имате.