ОДОБРУВАЊА

Фактурата е книжена и платена.
Никој не знае кој ја одобрил.

Со eArhiva секоја влезна фактура и секој документ поминува низ правило пред книжење — кој одобрува, до кој износ и во кој рок. Одлуката останува запишана кај документот.

Основното одобрување на влезни е-фактури е во секој пакет — секоја фактура оди кон еден фиксен корисник. Модулот ОДОБРУВАЊА ги носи сите напредни функции.

КАКО ОДИ ДЕНЕС

Одобрувањето живее во мејлови и коридори

„Ти го препратив мејлот"

Одобрувањето е некаде во нечие сандаче. Кога ќе замине човекот, заминува и трагата.

Фактурата виси две недели

Никој не знае кај кого стои. Рокот за плаќање истекува, добавувачот се јавува.

Платено без да види газдата

Кога нема лимит по износ, секој трошок изгледа исто — и оној од 3.000 и оној од 300.000 денари.

КАКО РАБОТИ

Три чекора. Правилото го поставувате еднаш.

1

Документот влегува

Влезна фактура од УЈП, мејл или скен. Системот ги чита добавувачот, износот и типот, па го рутира по вашето правило — без никој да ја препраќа рачно.

2

Одобрувачот одлучува

Во своето сандаче го гледа документот и одлучува — одобрува, одбива или го враќа назад со причина. Со коментар и прилог, ако треба нешто да се дообјасни.

3

Оди на книжење

Одобрената фактура продолжува кон книжење и плаќање. Одлуката останува закачена на документот во архивата — со кој, кога и со каква забелешка.

ПРАВИЛА ЗА РУТИРАЊЕ

Кој одобрува што — вие го одредувате

Правилото се врзува за тоа што пишува на документот, а не за тоа кој случајно го отворил првиот.

Лимит по износ

До 50.000 ден. одобрува раководителот. Над тоа влегува и директорот. Границите ги поставувате како што работи вашата фирма.

Повеќе нивоа

Едно по друго или паралелно. Може да се бара согласност од сите на едно ниво, или доволен е еден од групата.

По тип, служба и добавувач

Различен пат за фактура, договор, барање за набавка или патен налог. Ги делите и по организациона единица или трошковен центар.

Заменик и рокови

Кога одобрувачот е на одмор, задачата оди кај заменикот — процесот не стои. Тоа што виси предолго добива потсетник, па ескалира нагоре.

ШТО СЕ БЕЛЕЖИ

Не „одобрено". Целата низа одлуки.

Секој чекор има автор, точно време и забелешка. Ништо не се брише — само се додава.

Пример: Влезна фактура бр. 2418 · 84.500 ден.
Примена и прочитана
14.03.2026, 08:20 · од УЈП · добавувач, износ и рок препознаени автоматски
Рутирана по правило „Набавки над 50.000"
14.03.2026, 08:20 · две нивоа на одобрување
Вратена назад од раководителот
14.03.2026, 10:05 · Марија С. · „Нема испратница за оваа испорака"
Додадена испратница и вратена на одобрување
14.03.2026, 12:40 · Никола П. · прилог: Испратница 1042.pdf
Ниво 1 — одобрено
14.03.2026, 13:02 · Марија С., раководител
Ниво 2 — одобрено (над лимит)
15.03.2026, 09:11 · Горан Т., директор
Испратена на книжење
15.03.2026, 09:11 · трагата остана кај документот во архивата

Истата низа ја гледате и кога документот е одбиен — со причината, кај кого стоел и колку долго.

ДВЕ НИВОА

Основното одобрување го имате во пакетот

Влезната е-фактура и без модул не се книжи додека не се одобри — но одобрувањето секогаш оди кон еден фиксен корисник. ОДОБРУВАЊА ги додава сите напредни функции: секаков документ, повеќе нивоа, правила по износ, враќање со причина и замена.

Основно
во секој пакет
ОДОБРУВАЊА
Влезна е-фактура не се книжи без одобрување Да Да
Одобри или одбиј, со трага кој и кога Да Да
Што поминува низ одобрување Влезни е-фактури Секаков документ — договори, барања, HR
Нивоа на одобрување Едно Повеќе, последователно или паралелно
Кој одобрува Еден фиксен корисник По правило за тип, служба и износ — кон оној што е задолжен
Лимити по износ
до 50.000 раководителот, над тоа директорот
Да
Враќање назад со причина Да, со коментар и прилог
Заменик кога одобрувачот го нема Да
Потсетници и ескалација по рок Да
ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ

Секаде каде потписот значи пари

Влезни фактури

Ништо не се книжи ако службата не потврди дека стоката или услугата е добиена.

Барања за набавка

Одобрување пред нарачката, не откако ќе пристигне фактурата.

Договори пред потпис

Правна и финансиска согласност пред да излезе кај втората страна.

HR и патни налози

Одмори, решенија и патни трошоци минуваат низ истиот, запишан пат.

Што имате пред ревизор или инспекција

За секој документ вадите список на одлуки со еден клик — кој го одобрил, по кое правило, во колку часот и со каква забелешка. Записот стои во архивата заедно со документот и се чува по истите законски рокови како и тој.

  • Кој одобрил и по кое правило е рутиран документот
  • Секое одбивање и враќање, со причината
  • Колку долго стоел кај секој одобрувач
  • Кој бил заменик и по чија поставена замена

Поставете едно правило денес.
Следната фактура веќе ќе го следи.

Без кредитна картичка. Одобрувањето на влезни е-фактури е во пакетот — модулот се вклучува и исклучува во секое време.