е-ПОТПИС+

Одлуката чека потпис.
Директорот е на пат до петок.

Потпишување со KIBS сертификат — PAdES B-LTA со временски печат од овластен TSA. Од прегледувач или со токен од вашиот компјутер. Потпишаниот документ веднаш е во архивата.

Основното потпишување е во ПРО и нагоре — со месечна квота потписи. Модулот е-ПОТПИС+ ги носи сите напредни функции и на пониските планови.

КАКО ОДИ ДЕНЕС

Печати, потпиши, скенирај, испрати

Три дена за еден потпис

Документот се печати, чека на биро, се потпишува, се скенира — и на крај никој не знае кој е оригиналот.

Скенот не е потпис

Слика од потпис не докажува ниту кој потпишал, ниту кога, ниту дали документот е менуван потоа.

По пет години не се проверува

Обичен електронски потпис престанува да се потврдува кога ќе истече сертификатот. Точно кога ви треба.

КАКО РАБОТИ

Три чекора. Без печатач и без скенер.

1

Избирате документ

Договор, одлука, решение или понуда — од архивата или качен фајл. Одредувате кој треба да потпише и по кој ред.

2

Се потпишува

Од прегледувач, или со DesktopSigner кога сертификатот е на токен или смарт-карта. Повеќе документи може да се потпишат во една серија.

3

Останува проверлив

Потписот носи временски печат од овластен TSA. PDF-от оди во архивата и се проверува и по години — со истиот резултат.

ШТО ЗНАЧИ B-LTA

Не секој електронски потпис е ист

PAdES B-LTA е највисокото ниво од стандардот за потпис во PDF. Тоа е разликата помеѓу потпис што важи денес и потпис што важи и по десет години.

KIBS сертификат

Квалифициран сертификат од домашен овластен издавач — потписот е врзан за конкретно лице, не за корисничко име и лозинка.

Временски печат од TSA

Времето на потпис не го одредува компјутерот на потписникот, туку овластен сервис. Никој не може да го помести.

Секоја измена се гледа

Ако документот се промени по потпишувањето, потписот пука. Тоа е доказот што скенираната хартија не може да го даде.

Долготрајна валидација (LTA)

Во потписот се вградени и податоците за проверка. Валиден е и откако сертификатот ќе истече — важно за архива од 10, 20 и 50 години.

ШТО СЕ БЕЛЕЖИ

Не „потпишано". Кој, кога и со кој сертификат.

Потписниот workflow ја води низата и ја чува заедно со документот.

Пример: Договор за соработка бр. 118 · три потписници
Пуштен на потпис
02.03.2026, 09:40 · ред: правник → финансии → директор · рок 3 дена
Потпишан од правникот
02.03.2026, 11:15 · Ана В. · KIBS сертификат · временски печат од TSA
Потсетник до финансии
03.03.2026, 09:40 · еден ден без реакција
Потпишан од финансии
03.03.2026, 14:22 · Игор Д. · потпис со токен преку DesktopSigner
Потпишан од директорот
04.03.2026, 08:05 · Горан Т. · од телефон, на пат
Заклучен и архивиран
04.03.2026, 08:05 · трите потписи проверени · PDF/A во архивата

Ако некој одбие да потпише, и тоа стои во низата — со причината и точното време.

ДВЕ НИВОА

Основниот потпис е во ПРО и нагоре

Основното потпишување носи месечна квота потписи — еден документ, еден потписник. е-ПОТПИС+ додава квота на кој и да е план, потпис со токен и вистински потписни workflow-и.

Основно
ПРО и нагоре
е-ПОТПИС+
KIBS PAdES B-LTA со временски печат Да Да
Потписи месечно 50 до 200, според планот +200 на кој и да е план
Достапно на СТАРТ и БИЗНИС Да
Кој потпишува Еден потписник Повеќе потписници, по определен ред
DesktopSigner
потпис со токен или смарт-карта од компјутер
Да
Потпишување во серија Еден документ Повеќе документи одеднаш
Рокови, потсетници и одбивање со причина Да
Потпишаниот PDF во архивата, со трага Да Да
ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ

Секаде каде досега се печатело

Договори и анекси

Потпис од двете страни без курир, со проверлив оригинал кај сите.

Одлуки на управител

Одлуки и полномошна со временски печат — јасно е кога стапиле во сила.

HR документи

Договори за работа, решенија за одмор и анекси за плата — потпишани и заведени.

Понуди и тендери

Кога рокот е денес во 15:00, потписот не смее да чека курир.

Што имате ако дојде до спор

Потпишаниот PDF сам по себе е доказ — секој може да го провери, и без eArhiva. Покрај него, во архивата стои и целата низа на потписниот процес, по истите законски рокови како и документот.

  • Кој потпишал, со кој сертификат и од кој уред
  • Точно време од овластен TSA, не од компјутер
  • Дали документот е менуван по потписот
  • Кој одбил да потпише, кога и со каква причина

Потпишете еден договор денес.
Без печатење и без курир.

Без кредитна картичка. Модулот се вклучува и исклучува во секое време.