ДОКАЖЛИВА ДОСТАВА

Испративте документ.
Тврди дека не го примил.

Со eArhiva го гледате секој чекор — кога е отворен, кога е преземен, кога е прифатен. Со време, IP адреса и уред. Без курир и без потпишана доставница.

КАКО РАБОТИ

Три чекора. Без инсталација кај примачот.

1

Испраќате

Избирате документ од архивата или качувате фајл. Примачот добива email со линк — нема регистрација, нема апликација за инсталирање.

2

Се идентификува

Линкот бара PIN што стигнува одделно. По неколку погрешни обиди се заклучува. Преземањето има свој еднократен токен со краток рок.

3

Гледате сè

Секој чекор се запишува со точно време, IP адреса и уред. Линкот има рок на важење — по него автоматски престанува да работи.

ШТО СЕ БЕЛЕЖИ

Не „испратено". Целата патека.

Email-от кажува само дека сте кликнале „испрати". Ова кажува што направил примачот.

Пример: Испратница бр. 1042
Испратено
14.03.2026, 09:12 · до kontakt@primac.mk
Линкот е отворен
14.03.2026, 11:47 · 78.157.xx.xx · Chrome, Windows
PIN внесен точно
14.03.2026, 11:48 · истиот уред
Документот е преземен
14.03.2026, 11:48
Прифатен од примачот
14.03.2026, 11:52

Истата низа ја гледате и кога документот е одбиен или вратен назад со причина.

ДВЕ НИВОА

Основна достава ја имате во пакетот

Основната е вклучена во БИЗНИС и нагоре. ДОСТАВА+ ја додава кога испраќате нешто што не смее да излезе од рацете на примачот.

Основна ДОСТАВА+
Линк заштитен со PIN Да Да
Линк врзан за уредот на примачот
ако го препрати, кај друг не работи
Да
Што може да се испрати Фактури Секаков документ + качување фајл
Прилози во една достава Еден документ Повеќе или цел ZIP од архивско барање
Примачот може да одговори
прифати, одбиј или врати со причина
Да
Лог со време, IP и уред Да Да
Рок на важење и ограничен број преземања Да Да
ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ

Секаде каде „не го примив" чини пари

Опомени пред тужба

Знаете точно кога е отворена. Тоа е разликата кога рокот тече.

Испратници

Примачот прифаќа или враќа со причина, наместо да молчи.

Договори и анекси

Испраќање до втората страна со трага дека е отворен и преземен.

HR документи

Решенија и известувања што не смеат да се препраќаат натаму.

Што имате ако дојде до спор

Секој чекор е запишан со точно време, IP адреса и уред од кој е направен — од испраќањето до прифаќањето. Записот стои во архивата заедно со документот и се чува по истите законски рокови како и тој.

  • Кој го отворил линкот, кога и од каде
  • Дали PIN-от е внесен точно и од кој обид
  • Прифаќање, одбивање или враќање — со причина од примачот
  • Рок на важење и ограничен број преземања

Испратете еден документ денес.
Видете како изгледа кога ќе го отвори.

Без кредитна картичка. Основната достава е во пакетот.