Со COMPLIANCE секој тип документ има свој рок, предметите во судски спор и во инспекција се замрзнуваат, а за ревизор вадите извештај кој што видел, променил и презел — со еден клик.
Договори, фактури, HR досиеја, записници — секој архивски знак со свој рок и свој исход на истек. Не еден ист рок за сè.
Предмет во судски спор или инспекција се замрзнува. Додека трае, ништо во него не се брише — ни автоматски по истек на рокот, ни рачно од корисник со дозвола за бришење.
Барање за пристап, извоз и бришење на податоци за едно лице — со рок, со одобрување и со трага кој го обработил.
Кој што видел, променил, презел и испратил — во PDF, Excel, CSV или директно во вашиот SIEM систем.
Законот не бара ист рок за сè. Ако системот брише по едно правило, или губите документ што требало да го чувате, или чувате нешто што одамна требало да се излачи.
| Документ | Архивски знак | Рок | Што се случува на истек |
|---|---|---|---|
| Договори со клиенти | 03-12 | 20 години | Предлог за уништување, чека одобрување |
| Излезни фактури | 07-04 | 10 години | Предлог за уништување, чека одобрување |
| HR досие | 12-01 | Трајно | Никогаш не се брише |
| Записници од одбор | 01-02 | Трајно | Излачување за предавање во Државен архив |
| Пријави и известувања | 09-11 | 5 години | Предлог за уништување, чека одобрување |
Ништо не се брише само од себе. Системот подготвува предлог, човек одобрува, а одлуката останува во трагата.
Архивските знаци, роковите и излачувањето со одобрување се вклучени. COMPLIANCE се додава кога имате надворешна ревизија, инспекција или обврска по ЗЗЛП.
| Во пакетот | + COMPLIANCE | |
|---|---|---|
| Архивски знаци со рокови | По стандарден план | Сопствени рокови по тип |
| Преглед на истечени рокови | Да | Да |
| Излачување со одобрување | Да | Да |
| Замрзнување предмет — legal hold во судски спор или инспекција ништо не се брише |
— | Да |
| GDPR барање за лице пристап, извоз, бришење |
— | Да |
| Извештај за ревизор или инспектор | Основен преглед | PDF, Excel, CSV + SIEM |
| Извештај за безбедносни настани | — | Да |
Надворешна ревизија секоја година и досиеја што се чуваат со децении.
Штетни предмети што стојат во судски спор со години — не смеат да истечат.
Податоци за пациенти со посебен режим на чување и на пристап.
Инспекции и предавање во Државен архив по пропишана постапка.
Не барате по фолдери и мејлови. Секое правило, секоја одлука и секој пристап се запишани — и се вадат како еден документ со временски печат.
Без кредитна картичка. Архивските рокови се во пакетот.